За нас
За нас
ПОЧЕТОЦИ

ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ ДООЕЛ е фирма регистрирана во декември 2013 година. Почетните активности беа во периодот во предноќието на новогодишните празници. Првите порачки беа за изведба на Новогодишно осветление во неколку хотелско ресторантски објекти. Поради сознанието дека во Македонија целокупното осветление е со застарена технологија одлучивме дека треба да се развиваме во тој правец. Воспоставивме комуникација и соработка со една од најмоќните фирми во светот од Кина за производство на ЛЕД технологија и осветление. Нивниот бренд DICKEN LIGHTING е познат на сите континенти во светот, па така после неколку порачки од нивните производи веќе и ние постанавме препознатливи на македонскиот пазар.

СООДВЕТНИ РЕШЕНИЈА

Со гордост изјавуваме дека сме меѓу првите фирми на балканот кои ја внесоја во мрежата најновата технологија на ЛЕД цевни сијалици со 360 степени поле на осветлување во стаклена обвивка. Тие се повеќе од успешна замена за флуоресцентното осветление во повеќе објекти низ Македонија - каде имаме извршено замена на сијалиците. Заштедата на овие ЛЕД сијалици во однос на претходната технологија на сијалици е 70 – 90 проценти, па не е тешко да се одговори на прашањето зошто е тоа т.н. осветлување на ИДНИНАТА. Во тоа се уверија и фирмите кои ни ја изразија довербата за да им извршиме замена на истите. Нив може да ги погледнете во нашата референтна листа.

ДОГОВОР

Со брендот на ЛЕД расвета имаме на располагање да им предложиме на нашите деловни пријатели разни облици и моќности на сијалици со различни контакти како GU10, G5.3, E27, G24, G13, како и разни панели, цевни сијалици, улично осветление со различни бои и нијанси на зрачење на светлина. Заедно со светлечките арматури на Ekesis и расветата на Optik од Турција го комплетираме програмот и за најрафинираните вкусови на нашите клиенти.

За нас











scroll top